За време на топлотен бран, одредени намирници можат дополнително да го оптоварат организмот и да го зголемат чувството на жештина, предупредува нутриционистката Лола Бигс.
Таа посочува дека купечкиот сладолед, иако краткотрајно разладува, содржи многу масти и шеќери, поради што организмот троши повеќе енергија за негово варење, па човек подоцна може да се чувствува уште потопло.
Бигс советува да се избегнуваат и чипсот и солените јаткасти плодови, бидејќи можат да ја зголемат жедта, да придонесат за дехидратација и задржување течности. Не го препорачува ниту белиот леб, кој содржи малку вода и растителни влакна и може да предизвика чувство на тежина.
Наместо тоа, препорачува полесни и похидратантни оброци, како овошје, грчки јогурт, салати, тако со зеленчук или ладно гаспачо.
Текстот Што не треба да јадете за време на екстремни горештини е превземен од МАКФАКС.












