Градоначалничката, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес оствари средба со Бојан Илиевски, победник на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд 2026“, упатувајќи му искрени честитки за големиот успех и за достоинственото претставување на Македонија на регионалната музичка сцена.
На средбата беше истакнато дека Општина Кисела Вода е средина од која произлегуваат бројни млади, талентирани и успешни луѓе, а локалната самоуправа останува посветена на нивната поддршка и афирмација во различни области, особено во културата и уметноста.
Во таа насока на манифестацијата Културно лето на Општина Кисела Вода, ќе настапи и Никола Станишиќ, победник на „Ѕвездите на Гранд 2025“.
„Кисела Вода отсекогаш била дом на талентирани, вредни и успешни млади луѓе. Нашата обврска како локална самоуправа е да ги препознаеме, да ги поддржиме и да им дадеме простор нивниот талент да биде видлив и ценет. Искрено му честитам на Бојан за големиот успех и сум убедена дека ова е само почеток на една блескава музичка кариера“, изјави Стаменкоска Трајкоска.
Текстот Победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“, Бојан Илиевски, на гости кај градоначалничката на Општина Кисела Вода е превземен од МАКФАКС.












