Харизматичата Јелена Јованова ќе се појави како блузичката Лефти во анимираниот краток филм „Лефти и Рајти си најдоа дом”. Таа во моментов има природна возбуда кон анимираниот филм за деца, бидејќи и самата е мајка на две дечиња со кои постојано читаат сликовници и гледаат интересни цртани филмови.
„Анимиран македонски филм за деца е реткост, а да се биде дел од такво дело е секогаш благородно и служи на многу генерации”, изјави Јелена
„Како актер, во мојата досегашна кариера сум бил сѐ и сешто, но имам две работи кои посебно посакувам да ги изиграм. Едната е принц, а другата е панталони. И ете, 50% ќе ми се исполнат набрзо“, вели Гораст Цветковски, кој има дијапазон од ангажмани од театар, филм, видео игрици и сега е на ред анимиран детски филм.
Лефти и Рајти е во режија на Илија Тодоровски, во продукција на зАнимација продукција, а во копродукција на „Minya Film i Animacija“ од Хрватска. Приказната и ликовите се според сликовниците Лефти и Рајти, на Наташа Дукоска, која е и сценарист. Поддржан е од Агенција за филм, и од Хрватскиот Аудиовизуелен Центар (HAVC).
Текстот Јелена Јованова и Гораст Цветковски ќе ги позајмат гласовите за анимираниот филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом” е превземен од МАКФАКС.
















