Премиерот, Христијан Мицкоски, изјави дека учебниците за новата учебна година се доставуваат на време.

„Ако пред 10-тина, 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, денеска се радуваме ако учебниците ги доставиме на време, за да можат децата да ги користат. За жал имавме една катаклизма, којашто 7 години беше влада во Македонија и последиците се разорни. Работиме приоритет по приоритет за да ги вратиме работите во нормала. Јас сум свесен дека има граѓани коишто трпението им е при крај, но важно е да ние нашите цели и приоритети ги реализираме и да оставиме впечаток дека даваме максимум за да работите се доведат онаму каде што им е местото. Еден од тие процеси е и ова системско решавање за снабдување на нашите најмили, на децата, со учебници“, рече Мицкоски по посетата на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром.

Повторно ќе кажам, рече тој, жалам што во време на вештачка интелигенција, современи напредни технологии, ние се радуваме дека на време ги доставуваме учебниците.

„Но, тоа е што е. Таа катаклизма е сега политичка катаклизма која што ја донесоа СДСМ и ДУИ е минато, и она што ние како Влада имаме обврска да го направиме е да никогаш повеќе не се повтори“, рече Мицкоски.

Текстот Мицкоски: Жалам што во време на вештачка интелигенција, ние се радуваме за навремена достава на учебници е превземен од МАКФАКС.