Полицијата уапси две лица во Скопје – во возило биле пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, а возачот возел без возачка дозвола.
Според информациите на МВР, вчера околу 22.50 часот, на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници извршиле контрола на патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И. (19) од Скопје.
При контролата било констатирано дека во возилото се превезувала поголема количина разновидна стока без соодветна документација, односно околу 90 пратки со различни производи, спакувани во црни кеси. Исто така, било утврдено дека возачот не поседувал важечка возачка дозвола од Б категорија.
Како сопственик на возилото бил затекнат Е.Ш. (20) од Скопје, по што двете лица биле уапсени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
За непоседување важечка возачка дозвола, против М.И. ќе биде поднесена кривична пријава.
Текстот Уапсени две лица во Скопје – во нивното возило откриени 90 пратки без документација е превземен од МАКФАКС.














