Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава, полициските службеници лишиле од слобода 20 возачи за безобѕирно управување возило.
Од нив, 16 управувале возило без возачка дозвола, меѓу кои и еден малолетник, додека четири лица биле затекнати како возат под дејство на алкохол.
Според податоците, во Скопје пет лица управувале возило без возачка дозвола, при што едно од нив било и под дејство на алкохол. Во Кочани се регистрирани три случаи, меѓу кои и еден малолетник, во Гостивар две лица, а по едно лице во Кривогаштани, Градско, Кичево, Тетово, Штип и Прилеп.
Во одделни случаи на возење под дејство на алкохол, по едно лице се регистрирани во Прилеп, Виница, Куманово и Македонски Брод.
По целосно документирање на случаите, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Текстот Лишени од слобода 20 возачи за безобѕирно управување, дел без возачка, дел под дејство на алкохол е превземен од МАКФАКС.












