Актерката Ен Хатавеј и нејзиниот сопруг Адам Шулман го очекуваат своето трето дете. Хетавеј денеска ја потврди среќната вест, откако во медиумите се појавија нејзини фотографии од одморот, на кои се гледаше нејзиниот труднички стомак.
Шпекулациите за бременост беа поттикнати од фотографии од Сен Тропе, каде што актерката беше на одмор. Добитничката на Оскар на крајот самата ја потврди веста на својот Инстаграм профил.
Таа објави кратко видео со натпис „Бебе, твоја сум“.
Ова ќе биде трето дете за актерката и Шулман, кои се во брак од 2012 година. Двојката веќе има два сина, 10-годишниот Џонатан и 6-годишниот Џек, кои се обидуваат да ги држат подалеку од очите на јавноста.
Оваа година, актерката беше исклучително зафатена, со неколку големи филмски проекти. Таа глумеше во продолжението на „Ѓаволот носи Прада“, каде што ја повтори својата иконска улога како Енди Сакс, и во музичката психодрама „Мајка Марија“, во која игра поп-ѕвезда на работ на егзистенцијална криза.
Наскоро ќе се појави и во епскиот филм на Кристофер Нолан „Одисеја“ како Пенелопа, дистопискиот научно-фантастичен трилер „Крајот на улицата Оук“ и адаптацијата на книгата на Колин Хувер „Вистината“.
фото/Depositphotos
Текстот (Видео) Ен Хатавеј (43) објави дека е бремена е превземен од МАКФАКС.












