Германската амбасада во Северна Македонија најостро го осуди инцидентот со палењето на бугарските дипломатски возила пред амбасадата на Бугарија во земјата.

„Палењето на возила на бугарската Амбасада во Скопје е сериозен инцидент кој најостро го осудуваме. Насилството никогаш не е оправдано. Германската амбасада ја поздравува брзата реакција на македонските служби. Солидарни сме со нашите бугарски колеги“, стои во објавата на германската амбасада во Скопје објавена на социјалната мрежа Facebook.