Пекинг денеска соопшти дека го поздравува потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу претседателите на Соединетите Американски Држави и Иран, со кој се повикува на итен прекин на непријателствата и ги повика двете страни на компромис во следната фаза од преговорите.
Потпишувањето „има позитивно значење за ублажување на тензиите и зајакнување на сегашниот моментум кон прекин на огнот. Кина го поздравува овој развој на настаните и се надева дека сите вклучени страни, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави и Иран, ќе го почитуваат духот на договорот и совесно ќе ги исполнат своите обврски“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Џиан.
„Кина се надева дека и Соединетите Американски Држави и Иран ќе пристапат кон втората фаза од преговорите рационално и прагматично и ќе направат меѓусебни отстапки“, додаде тој за време на редовната прес-конференција во Пекинг.
„Ова е критичен момент“
Портпаролот потсети на дипломатските напори на Кина и поддршката за медијацијата на Пакистан. Кина „ќе продолжи да игра активна и конструктивна улога во постигнувањето траен мир и стабилност на Блискиот Исток и регионот на Заливот“, рече тој.
„Во овој критичен момент, сите релевантни страни, вклучително и Израел, треба да дејствуваат во интерес на регионалниот мир и стабилност“ и во корист на дипломатијата „а не на нивна штета“, рече тој кога беше прашан за продолжувањето на израелските воени операции во Либан.
Текстот Пристигна реакцијата на Кина на крајот на војната меѓу САД и Иран е превземен од МАКФАКС.












