Уште една убавица од ријалити шоуто, Клои Кардашијан, беше во центарот на вниманието со нејзината сестра Ким додека беа во Монако бодрејќи го Луис Хамилтон.

Како и обично, секогаш кога се појавуваат Кардашијанки, сигурно нема недостаток од негативни коментари. Па така, присуството на Ким на трката во Формула 1 беше главна тема, а Клои сега се погрижи малку да го одвлече вниманието од тоа.

Таа објави фотографија на социјалните мрежи на која позира во краток розов латекс фустан, а таа брзо собра бројни коментари и лајкови.

Изданието го дополни со модерни влечки со високи потпетици со проѕирни ПВЦ ремени, а речиси никој не можеше да го тргне погледот од нејзините долги нозе.

Слични фотографии објави и Ким, сестрите позираа заедно на луксузна јахта и така го завршија својот краток одмор во Монако, без оглед на сите негативни коментари што ги следеа.

„Изгледаш како кукла Барби“, „Жената од моите соништа“, „Толку згодна“, „Розовата боја ти стои совршено“, „Прекрасна“, беа само дел од реакциите.

Текстот (Фото) Латексот „пука“ на неа, но таа не се срами да ги покаже своите прекрасни облини е превземен од МАКФАКС.