Една од најпознатите српски инфлуенсерки, Тамара Калиниќ, постојано воодушевуваше на големи настани, а сега покажа како изгледаше нејзината незаборавна моминска забава.
Убавата Србинка наскоро треба да се омажи за Филип Теста, кој се смета за еден од највлијателните луѓе во светот на модата, а нивната љубовна приказна е интересна за многумина.
Моминската забава беше организирана во Марбеља, а Тамара допатува таму со приватен авион. Како главен фустан, таа избра модел украсен со светки и, секако, бел, а носеше и невестински вел.
Со оглед на тоа што на фотографијата го означи брендот Clio Peppiatt, јасно е дека носела нивна облека, а цената на еден модел е околу 2.500 евра.
„Невестата пристигна“, напиша Тамара под објавата.
Сè беше гламурозно и стилски, а Тамара никогаш не ја симна насмевката од лицето.
Таа е во врска со Филип Теста околу пет години, а ја потврдија својата свршувачка во 2023 година. Иако првично беа деловни соработници, Тамара сфати дека е освоена од неговата скромност и го направи првиот чекор.
Текстот (Фото/Видео) Српската инфлуенсерка се мажи за италијански моќник: моминската забава ја прослави во фустан од 2.500 евра е превземен од МАКФАКС.












