Приведен е потпалувачот на двете дипломатски возила пред амбасадата на Бугарија во Скопје. Информацијата ја објави ТВ 24, од таму цитираат свои извори од МВР.

Осомничениот се наоаѓа во полициска станица и кај него се пронајдени и дополнителни докази за делото. Според информациите на ТВ 24 ќе се оди по итна постапка.

Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица, јавува Центар.мк. При преземените дејствија е пронајдена и облеката што лицето ја носело во моментот на извршување на делото. Во координација со надлежен јавен обвинител се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по итна постапка.