Колумбиската убавица Софија Вергара уште еднаш докажа дека знае како да привлече внимание каде и да се појави, овој пат на Светското првенство во фудбал во 2026 година.
Таа објави серија фотографии од Светското првенство на својот Инстаграм профил со краток натпис: „Copa Mundial!“.
Насмеана, елегантна и во својот препознатлив стил, Софија уживаше во атмосферата на еден од најголемите спортски настани во светот, а фановите коментираа дека „изгледа како стадионот да е нејзина модна писта“.
За таа пригода, Софија позираше во широки фармерки и тесен црн топ на едно рамо, па овој пат нејзините гради не беа во преден план, барем засега, но сепак има многу до крајот на Светското првенство.
Нејзиното појавување на Светското првенство не беше само гостување, бидејќи Вергара е дел од програмата што го покрива првенството за шпанскиот свет и со денови ја споделува атмосферата од стадионот.
На отворањето во Лос Анџелес, таа се појави во впечатлив моден изглед.
Текстот (Фото) Софија Вергара покажа како се следи Светското првенство: Ништо не може да помине без нејзините луксузни атрибути е превземен од МАКФАКС.












