Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар на 13 јуни 2026 година во 09:50 часот го лишиле од слобода Е.Н.(56) од Гостивар.
При претрес во неговиот дом и помошни простории во Гостивар, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена тврда кафеава материја.
Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
















