Полициски службеници од СВР Скопје на 13 јуни 2026 година во 14:00 часот ги лишиле од слобода Р.Б.(45), М.Б.(36) и Б.Б.(34), тројцата од селото Грчец, општина Сарај.

Според информациите од полицијата, на 12 јуни 2026 година во 21:30 часот во СВР Скопје, Д.Е.(36) од селото Семениште, скопско, пријавил дека истиот ден околу 14:00 часот, на подрачјето на Карпош, тројцата со патнички возила „хјундаи“, „фолксваген тигуан“ и „фолксваген пасат“ го пресретнале и го запреле неговото патничко возило „мерцедес“.

Според пријавеното, по запирањето на возилото, Р.Б. физички го нападнал Д.Е. и му нанел тешки телесни повреди. Потоа, како што било пријавено, тројцата го ставиле во едно од возилата и го однеле најпрво на автоплац во Карпош, а потоа го оставиле во селото Шишево, скопско.

По преземени мерки, лицата биле пронајдени и приведени во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.