Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на 13 јуни 2026 година во 17:50 часот, на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, го лишиле од слобода 24-годишниот К.К. од Скопје.

Според информациите од полицијата, на 12 јуни 2026 година во 17:00 часот во СВР Скопје, вработен во Градските гробишта Бутел пријавил дека го забележал К.К. како со метален предмет оштетил 11 гробни места, по што побегнал од местото.

По преземени мерки од страна на полицијата, лицето било пронајдено и приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.