Автопатот Скопје–Блаце влегува во фаза на конкретна реализација, соопштуваат од ВЛЕН на својата официјална Фејсбук-страница. Со завршувањето на постапката за избор на изведувач, еден од најважните инфраструктурни и стратешки проекти за земјата конечно го добива вистинскиот правец.

„Во изминатите 24 години, на граѓаните постојано им се ветуваше овој автопат, но тој остана само на хартија. Денес, со ВЛЕН во Владата и со ангажманот на нашите претставници во државните институции, овој проект се претвора во реалност.

Ова не е само инвестиција во асфалт и бетон. Ова е инвестиција во стратешкото поврзување со Косово, во економскиот развој, во побрзото движење на луѓето и стоките и во создавањето нови можности за бизнисите и граѓаните.

Ангажманот на заменик-министерката Калтрина Зеколи и координацијата со надлежните институции и меѓународните партнери даваат конкретни резултати. ВЛЕН продолжува да докажува дека проектите не се реализираат со празни ветувања, туку со работа, одговорност и носење одлуки.

Она што другите не го направија за 24 години, ВЛЕН го прави за 24 месеци“, се вели во соопштението на ВЛЕН.