Жител на Штип пријавил во полиција дека две лица предизвикале пожар во една од подрумските простории на зградата на поранешниот комбинат ЗИК „Црвена Ѕвезда“.

Според информациите од МВР, лицата запалиле стари класери, по што го напуштиле местото на настанот.

Во пожарот нема повредени лица, а интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, која успеала да го изгасне огнот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Текстот Две лица запалиле стари класери во објект на поранешен комбинат во Штип е превземен од МАКФАКС.