Вчера во 12:30 час во село Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 25-годишниот Б.С. од Штип.

Тој бил затекнат околу 12:00 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З.(36) од Штип покрај магистрален пат Штип – Кочани во атар на село Долни.

Притоа била опожарена сува трева и една бала детелина сопственост на С.З..

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Уапсен 25-годишник во штипско: затекнат е како потпалува сува трева е превземен од МАКФАКС.