Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ја нарече Москва гарант на праведен светски поредок.
„Руската Федерација е модерна држава сигурна во својата сила, една од водечките светски сили со моќен економски и одбранбен потенцијал“, рече Лукашенко во честитката по повод Денот на Русија до рускиот претседател Владимир Путин и граѓаните на Русија.
Тој истакна дека народите на Белорусија и Русија отсекогаш биле тесно поврзани низ историјата.
„Сеќавањето на заедничкото надминување на искушенијата, заедничките достигнувања и победи се пренесува од генерација на генерација. Токму ова пријателство, тестирано од времето, дава неисцрпна енергија за понатамошен хармоничен развој“, нагласи белорускиот претседател.
Тој му посака на Путин добро здравје и успех во неговата работа, а на граѓаните на Русија среќа, благосостојба и просперитет.
Текстот Лукашенко: Москва е гарант на новиот светски поредок е превземен од МАКФАКС.












