Вчера во периодот од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа Б.М.Б.(21), К.У.(25), А.Е.(24) и К.Б.(24) сите од Република Турција, поради нерегулиран престој во државата.
По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Текстот Приведени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој е превземен од МАКФАКС.














