„Додека Мицкоски и ВМРО го штитат Трипуновски и сточарството во Македонија тоне во криза. Откупната цена на млекото е намалена, откупот на млеко е несигурен, а субвенциите не се исплатени. Се намалува откупната цена на млекото во време кога се зголемуваат цените на млекото во маркетите. Тоа значи дека некој дебело профитира на грбот на сточарите во Македонија“, велат од СДСМ.
„Кризата со откупот се зголемува. Две млекарници во делчевскиот регион веќе најавија прекин на откупот на млеко, со што голем број производители остануваат без пласман за своето производство и без сигурност за сопствената егзистенција.
Сточарите трпат загуби, а валаста дозволи големите фирми профитираат од високите малопродажни цени на млекото и млечните производи. Дополнително две недели се крие кои се фирмите чии млечни и месни производи отстапуваат од декларираните состојки.
Мицкоски и Трипуновски за две години го доведоа земјоделството до целосен колапс.
Бараме итна реакција за да се обезбеди непречен откуп на млекото и да се спречи дополнителна штета.
Власта преку интервентната програма веднаш да воведе посебна мерка за поддршка на производителите на кравјо млеко, за да се ублажат последиците од кризата“, соопшти СДСМ.
Текстот „Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото“, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.















