Ким Кардашијан не е единствената дама која привлече внимание на Големата награда на Монако – сопругата на Шарл Леклер, исто така, ги воодушеви сите присутни минатиот викенд.
Додека Ким Кардашијан е ново лице на тркачката патека, Александра Леклер, сопруга на возачот на Формула 1 и фаворит на Ферари, Шарл Леклер, има долга историја на следење на настанот и е веројатно омилената модна икона на трката.
Таа не ја пропушти шансата да го бодри својот сопруг изминатиот викенд, кога се одржа Големата награда на Монако во Формула 1, а за таа пригода одлучи да облече вистински летен фустан.
Таа носеше макси фустан од Posse Romeo, ретро парче со точки што даваше летна атмосфера. Црвено-белиот фустан совршено ја следеше линијата на нејзиното тело, истакнувајќи ја нејзината завидна фигура и витки нозе.
Својот изглед го комплетираше со плетена чанта од Roger Vivier, високи потпетици од Aquazzura Bisous и накит од Messika.
Уште еден стил достоен за пофалба
Александра реши да го претвори овој спортски настан во еден вид модна писта, па за одлучувачкиот ден, кога се натпреваруваше нејзиниот сакан, донесе малку поинаков стил.
Таа избра уште едно летно издание од дизајнерот Оскар де ла Рента, кое е украсено со реси, цветни мотиви и лежерен стил. Додаде бели сандали и црни очила кои совршено ја заокружија оваа модна приказна.
Текстот (Видео) Сопругата на возач од Формула 1 предизвика хаос во Монако: Сите гледаа во неа е превземен од МАКФАКС.

















