Вкупно 297 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 425 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопштија од Министерството за здравство.
Од МЗ наведоа дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 49 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а во последното деноноќие, на интерните клиники имало 17 приеми.
Од Министерството посочија дека во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти и 10 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден, а во Козле биле примени 12 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 40 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 93 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 24 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки – истакнаа од МЗ.
Од МЗ информираа дека според извештаите на болниците кои пристигнуваат кај нив на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово 68 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 71, во ковид центарот во Гостивар 6, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 7 во Кичево 4, Кавадарци 45, во Гевгелија 8 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Бројките, како што истакнаа, се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 722 и има околу 386 празни болнички кревети во ковид центрите. Вкупно 297 пациенти потврдени и сомнителени за ковид – 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, а голем дел од пациентите се на кислородна поддршка – наведоа од МЗ.
Од Министерството посочија дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 53 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени – додадоа од МЗ.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.