Иранското Министерство за надворешни работи остро ги осуди ноќните американски воздушни напади врз цели во земјата, оценувајќи дека со нив примирјето постигнато на 8 април станало „практично бесмислено“.

Во соопштението се наведува дека нападите претставуваат кршење на Повелбата на ОН и на меѓународното право, како и на суверенитетот и територијалниот интегритет на Иран.

Реакцијата следува откако американската војска втора ноќ по ред изврши воздушни удари врз цели во Иран. Вашингтон ги оправдува операциите со правото на самоодбрана по претходното соборување на американски хеликоптер „Апачи“.

Иран возврати со ракетни и дронски напади врз американски воени позиции во регионот, додека дипломатски извори наведуваат дека разговорите за можен договор меѓу двете страни сè уште продолжуваат.

Текстот Иран: Примирјето со САД стана бесмислено е превземен од МАКФАКС.