Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески одговори на прозивките на Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека е точно дека три недели нема пленарна седница, но додава дека мнозинството е тука.
Мнозинството денеска е тука, си ги завршуваме работите онака како што се по хронолошки редослед и очекуваме дека во наредните денови ќе продолжат и нови седници на Собранието. Оние кои обвинуваат дека Собранието не функционира, посебно опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, треба прво да се запрашаат зошто не ги закажуваат комисиите во кои имаат претседатели каде на дневен ред се овие точки и зошто редовно не работаат за да може да се створат услови да работи пленумот, рече Митрески на прес-конференција во Собранието, вели Митрески.