На денешната седница на Собранието се обрати пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ,  Никола Мицевски кој се осврна на работата на парламентот, како и на аномалиите во парламентарното мнозинство.

Мицевски потенцираше дека во Собранието одреден период наназад се чувствуваат празнините и аномалиите на парламентарното мнозинство, односно на неколку седници кои што се одржаа изминатиот период, пратениците од власта не можат да го соберат потребниот кворум.

-СДСМ и коалиционите партнери да имаа мнозинство какво што очекуваа, ќе ја продолжеа и 34-та седница во која има над 70 точки, но бидејќи немаат нозинство во парламентот, избегнуваат да ги отвораат темите. Тоа доволно кажува за неревносното работење на парламентарното мнозинство и за несигурностите кои ги имаат во редовите одреден период. Ваквиот начин на работа покажува дека ситуацијата не е добра и наскоро ќе треба да се размислува за посериозно парламентарно мнозинство, изјави Мицевски.