Русија му докажа на светот дека може да се справи со најсложените предизвици и дека може да издржи удари, изјави претседателот на партијата „Единствена Русија“ и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

„Собирајќи се околу лидерите на нашата земја, заедно докажавме дека сме способни да се спротивставиме на најопасните закани и да се справиме со најсложените предизвици. Можеме да издржиме удари. Ова е апсолутно јасно за целиот свет“, рече Медведев за време на пленарната сесија на форумот за конечен извештај и програма на Обединета Русија „Резултатите се тука!“.

Руската економија се развива стабилно и одржливо во контекст на воените операции, рече тој.

Текстот Медведев: Му покажавме на целиот свет дека Русија може да се справи со најголемите предизвици е превземен од МАКФАКС.