Во раните утрински часови на 8 јуни 2026 г, на 60-годишна возраст, почина поранешниот амбасадор и познат политички аналитичар Арсим Зеколи.
Тажната вест ја соопшти неговиот брат, д-р Шефќет Зеколи, преку јавно известување на социјалните мрежи, каде ги информираше членовите на семејството, пријателите и сите што го познаваа за загубата на нивниот близок. „Со длабока болка и голема тага ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966–2026)“, се наведува во соопштението.
Како што информира семејството, погребната церемонија ќе се одржи денес во 18:00 часот на гробиштата во селото Блаце.
Арсим Зеколи беше амбасадор на Северна Македонија во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена, а беше познат и како колумнист и аналитичар на политичките случувања во земјата и пошироко.





















