Израелската владина агенција COGAT објави дека ги затвора премините Рафа и Керем Шалом кон Газа до понатамошно известување. Агенцијата додаде дека затворањата се една од „неопходните безбедносни мерки“ воведени по иранскиот ракетен напад врз Израел.
Агенцијата тврди дека затворањата нема да влијаат на хуманитарната ситуација во Газа бидејќи „значајните количини храна што влегоа во Појасот од почетокот на прекинот на огнот значително ги надминуваат потребите за храна на населението“.
Текстот Израел ги затвора граничните премини кон Газа: „Имаат доволно храна“ е превземен од МАКФАКС.





















