Џенифер Лопез напорно работи на промоција на својот филм „Канцелариска романса“, а го привлекува вниманието на јавноста и со својот неодолив шарм и со беспрекорните креации.
Неодамна, таа привлече внимание со своето сè подлабоко деколте, а сега блесна во креација која е вистинско уметничко дело.
Имено, за премиерата на гореспоменатиот филм во Лондон, таа одлучи да се појави во макси фустан со долги ракави украсен со два специфични дела. Додека горниот дел е направен од црни светки, долниот дел е украсен со сатенско здолниште во циклама боја.
Може да се каже дека целата креација претставува комбинација од класичен гламур и модерна елеганција, а детаљот во облик на машна дополнително ја нагласува оваа главна премиса.
Фустанот е дело на дизајнерот Ричард Квин, а таа го надополни со накит од брендот „Hassanda“. Не треба да ја изоставиме ни чантата-плик од дизајнерот Тајлер Елис, која совршено одговара на ова издание.
Што се однесува до остатокот од нејзиниот стајлинг, таа се одлучи за висока крената коса која ги истакнуваше нејзините црти на лицето, како и за впечатлива шминка во темни нијанси.
Текстот (Фото/Видео) Џенифер Лопез покажа уште едно беспрекорно издание е превземен од МАКФАКС.





















