Утрово во 01:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро, на брегот на Охридското езеро го приведоа Н.А.(75) од охридското село Пештани.

При акциска контрола, тој бил затекнат при извршување на кривично дело „незаконит риболов“ и биле пронајдени и одземени повеќе парчиња риба и една рибарска мрежа.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Текстот Приведен 75-годишен охриѓанец: вршел незаконит риболов е превземен од МАКФАКС.