Засега за Нобеловата награда за мир за 2021 година се пријавени 329 кандидати, што е најголем број досега и повеќе отколку рекордната 2016 година, кога на крајот вкупно биле пријавени 376 кандидати.

Досега се пријавени 234 поединци и 95 организации, и иако имињата на кандидатите не се соопштуваат, оние кои ги предлагаат кандидатите можат јавно да го објават името на својот кандидат, па затоа е познато дека меѓу кандидатите повторно е Светската здравствена организација, Сојузот за вакцини, Коалицијата за иновации во текот на епидемија…

Меѓу кандидатите повторно се и Доналд Трамп, неговиот зет Џаред Кушнер, престолонаследникот на ОАЕ Мухамед бин Зајед ел Нахјан, Грета Тумберг, Алексеј Навални, белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја и многу други.

Кандидатите за Нобелова награда се чуваат во тајност, а можат да ги предложат членови на парламенти и министри од сите земји, поранешни лауреати, универзитетски професори.

Нобеловиот комитет ќе го објави својот избор на 8 октомври. (МИА)