Филмската ѕвезда Ен Хатавеј откри дека тајно се борела со здравствен проблем 10 години, сè додека не отишла на операција.
Зборувајќи во подкастот Popkast, таа рече дека била „легално слепа“ на едното око во текот на триесеттите години.
Нејзините проблеми со видот се развиле поради раната појава на катаракта – заматување на природната леќа на окото, што предизвикува заматен вид и други тешкотии.
„Ова можеби е премногу информации, но бев полуслепа 10 години. Тоа толку многу влијаеше на мојот вид што практично бев слепа на левото око и на крајот морав да се оперирам. И не сфатив колку е лошо сè додека конечно не можев да го видам целиот спектар. Оттогаш се смирив. Не сфатив дека тоа всушност врши притисок врз мојот нервен систем“, рече Хатавеј.
Во март, Хатавеј се најде во центарот на вниманието откако се појави на Оскарите. Таа пристигна на црвениот тепих во елегантен црн фустан со цветни мотиви, но креацијата падна во втор план поради нејзиниот младешки изглед на лицето.
Сепак, актерката тврди дека не се подложила на никакви процедури, туку дека тоа бил едноставен трик.
фото/ Depositphotos
Текстот Ен Хатавеј проговори за болеста: Молчев многу години е превземен од МАКФАКС.






















