Во периодот од 01 до 07 јуни, на територијата на Општина Гази Баба ќе бидат поставени контејнери за одлагање кабаст отпад.

Контејнерите ќе бидат поставени на Триангла, во Маџари, Хиподром и Кирил Петрушевски (Вардариште).

Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ апелира до граѓаните кабастиот отпад да се одлага навремено и исклучиво во поставените контејнери, со цел да имаме чиста, уредна и здрава животна средина.

Текстот Објавени локации за поставени контејнери за кабаст отпад во Општина Гази Баба е превземен од МАКФАКС.