Албино биволите се ретки во Бангладеш, каде што повеќето говеда се со темна боја, поради што овој примерок особено отскокнуваше за време на врвот на сезоната за продажба на стока за Бајрам, иако токму неговиот прекар најверојатно му го спаси животот.
Реткиот албино бивол во Бангладеш, прозван со прекарот „Доналд Трамп“, е спасен од жртвување за Курбан бајрам по интервенција на владата во последен момент, потврди во средата официјален претставник на Министерството за внатрешни работи. Животното тешко речиси 700 килограми веќе било продадено за ритуално колење кога властите интервенирале. Интервенцијата уследила од безбедносни причини кои се појавиле по наглиот пораст на интересот на јавноста за биволот во пресрет на фестивалот кој се одржува во четврток. Министерот за внатрешни работи, Салахудин Ахмед, наредил биволот да биде поштеден, на купувачот да му се вратат парите, а животното да биде преместено во националната зоолошка градина во Дака, пренесе „Вечерњи“.
View this post on Instagram
A post shared by The Archbishop of Banterbury
(@thearchbishopofbanterbury)
„Во последен момент е донесена одлука биволот да се поштеди од жртвување поради безбедносни причини и невообичаено големиот интерес на јавноста“, изјави еден претставник на министерството. Она што започнало како обично купување за Бајрам, брзо се претворило во национална атракција откако видеоснимките станаа вирални. Мноштво луѓе се собраа на фармата, а посетители доаѓаа од далечни краишта за да го видат. Сопственикот на фармата, Зиаудин Мридха, изјави дека името го смислил неговиот помлад брат, кој ја забележал сличноста. Мридха додаде дека животното е невообичаено питомо и бара внимателна грижа, вклучувајќи често хранење и редовни капења. Албино биволите се ретки во Бангладеш, каде што повеќето говеда се со темна боја, поради што овој примерок особено отскокнуваше за време на врвот на сезоната за продажба на стока за Бајрам, иако токму неговиот прекар најверојатно му го спаси животот, пишува „Д Индипендент“ (The Independent).
Текстот (Видео) Необичен бивол со фризура на Доналд Трамп спасен од жртвување во последен момент: толку е популарен што интервенирала владата е превземен од МАКФАКС.






















