Градот Скопје и Министерството за култура и туризам денес потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на културата, туризмот и културно-туристичката понуда на главниот град.
„Меморандумот, потпишан од градоначалникот на Град Скопје и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претставува важен чекор во подготовките за ‘Скопје 2028 – Европска престолнина на културата’ и има за цел посилна институционална координација во развојот и промоцијата на културните и туристичките потенцијали на градот“, соопштија од Град Скопје.
Од таму додаваат дека со соработката се предвидува поголема видливост на културно-историските локалитети, подобрување на условите за посетителите и развој на нови културни содржини, со што Скопје ќе се позиционира како современ, отворен и автентичен европски културен центар.
Текстот Подобрување на условите и развој на нови културни содржини – Љутков и Ѓорѓиевски потпишаа Меморандум за соработка е превземен од МАКФАКС.






















