Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на локално невреме. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени.
УХМР за четврток најавува на повеќе места нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално денес и утре процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Од петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето.
Текстот Сончево утро, нестабилно попладне: УХМР најавува поројни дождови и засилен ветер е превземен од МАКФАКС.






















