Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, по средбите со претставници на Европската комисија и COELA, изјави дека останува силната посветеност за унапредување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија и спроведување на клучните реформи согласно европските стандарди.
Тој истакна дека во фокусот на разговорите биле спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, владеењето на правото, реформите во јавната администрација, енергетиката, како и инфраструктурните проекти и регионалната поврзаност.
„Беше оценет досегашниот напредок и континуираната соработка со европските институции, при што беше нагласена важноста на праведен, предвидлив и на заслуги заснован процес на патот кон полноправно членство во Европската Унија“, се наведува во неговата изјава.
Сали исто така ја потенцираше важноста на регионалната соработка и постепената интеграција во Заедничкиот европски пазар, оценувајќи ги како клучни елементи за стабилност, економски развој и безбедност во регионот.
Текстот Беким Сали во Брисел се сретна со претставници на Европската комисија и COELA е превземен од МАКФАКС.























