Баритонот и првенец на Националната опера и балет Ристе Велков и неговиот син Адам загинаа во стравичната сообраќајна несреќа на скопската обиколница.

Во несреќата настрадаа уште две лица, 20-годишник од Скопје и уште едно лице чиј идентитет засега е непознат.

Сообраќајната несреќа се случи вчера вечер околу 23 часот на скопската обиколница, кога возач на камион изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Ристе Велков од Скопје.

Текстот Баритонот Ристе Велков и неговиот син се меѓу загинатите во страшната сообраќајка на скопската обиколница е превземен од МАКФАКС.