Денес политичката иронија го достигна врвот. Бујар Ахмети, внук на Али Ахмети, кој бил заменик-член во комисијата за полагање на правосудниот испит, испит што се одржува само на македонски јазик, беше забележан на протестот на студентите кои бараа можност истиот испит да го полагаат и на албански јазик, истакнуваат од „Вреди“.
Затоа, како што додаваат, се поставува прашањето, против кого протестира Бујар Ахмети?
„Против самиот себе, како дел од системот што со години ја одржуваше оваа неправда? Или против својот чичко, Али Ахмети, кој повеќе од 22 години беше на власт и именуваше министри за правда кои не презедоа ниту еден чекор за решавање на ова прашање?
Повеќе од две децении ДУИ ги манипулираше Албанците со ветувања за унапредување на правата, додека албанските студенти продолжија да се соочуваат со институционални пречки и дискриминација дури и во најосновните професионални процеси“.
Според „Вреди“ на албанските студенти не им требаат фотографии и политички театар.
„Ним им требаат конкретни решенија, кои ДУИ не ги обезбеди 22 години по ред“.
Од партијата оценуваат дека времето на политички манипулации со националните прашања заврши. „Албанците заслужуваат одговорност, а не политичко лицемерие.
Со „Вреди“, правосудниот испит ќе може да се полага и на албански јазик.
Текстот Против кого протестира Бујар Ахмети, против самиот себе или против својот чичко Али Ахмети, прашуваат од „Вреди“ е превземен од МАКФАКС.























