Шерон Стоун (68) не е само актерска легенда, туку и вистинска модна икона која, дури и во својата седма деценија, продолжува да привлекува внимание и да предизвикува восхит – не само со својот одличен изглед, туку и со држењето до својот стил, своите ставови и сè што ја прави заслужено една од најпосакуваните жени во светот.

Канскиот филмски фестивал не би бил во својот полн сјај без неа, особено без нејзиното модно издание во кое блесна на премиерата на филмот „Фјордс“. За оваа празнична пригода, каде што многумина едвај чекаа да ја видат, таа избра гламурозна креација со спектакуларни детали; фустан од лондонскиот бренд Miss Sohee за 2026 година и рече дека не ги почитува модните правила, туку самата ги создава.

Нејзиниот раскошен фустан е направен од мноштво детали со монистра кои раскажуваат посебна приказна и му даваат автентичност на фустанот, а креацијата првично го нагласува струкот на познатата актерка, кој изгледа нереално.

Дел од облеката се и транспарентни ракавици и соодветен сет накит – прстени, ѓердан и обетки.

Иако Кан секоја година воведува построги правила, вклучувајќи забрана за носење облека што го попречува движењето на гостите на црвениот тепих, Шерон Стоун не обрна внимание на тоа.

Таа совршено балансираше помеѓу правилата и модната провокација, а бидејќи наметките не беа конкретно споменати никаде, таа го искористи тоа на одличен начин.

Текстот (Фото/Видео) Најголемата дива и кралица на модата во Кан: Шерон Стоун ги крши правилата, но нејзе ѝ е дозволено сè е превземен од МАКФАКС.