Ако изминатиов викенд поминавте покрај Малата сала во СЦ „Борис Трајковски“, немаше шанси да го пропуштите звукот на чистата еуфорија. Втората сезона на Level UP Experience, која се одржа во саботата на 16 мај во организација на Анхоч, не беше само обичен гејминг настан, тоа беше моќен спектакл кој ги сруши сите претходни очекувања и покажа колку е бројна, гласна и жива македонската гејминг и поп-култура заедница.
Салата беше преполна до последното место, а незаменливата енергија се чувствуваше уште од самиот почеток во 12:00, па сè до вечерта.
„Level UP веќе трета година по ред е приказна која ја создаваме со многу посветеност, љубов и душа. Како тим, буквално се внесуваме во секој можен детал, секоја активност и секој корнер, се трудиме максимално сè да биде беспрекорно. Нашата најголема мотивација е на посетителите да им понудиме едно комплетно, супер искуство и забава која долго ќе ја паметат.
Кога ќе ја видиме салата преполна со насмеани лица, целата таа еуфорија и позитивна енергија, знаеме дека целиот вложен труд вредел, и токму тоа е она што нè носи напред кон секој следен Level UP“, изјавија од Анхоч, кои се главните организатори и основачи на целиот овој проект.
А дека навистина беше така, докажа и самата програма на настанот. Главната сцена буквално „гореше“ за време на жестоките финалиња каде се одржаа врвни е-спорт битки во Counter Strike 2, ФИФА, Tekken 8, Starcraft II, Mario Kart, Super Smash Bros и Brawl Stars. Посебна визуелна магија на целата сцена ѝ донесоа прекрасните косплеери, кои се појавија во огромен број и со своите креативни костими уште повеќе ја разубавеа сцената.
Дополнително, целиот настан беше збогатен со забавни зони каде што секој можеше да си најде нешто интересно. Присутните уживаа во Ретро корнерот исполнет со легендарни конзоли и игри кои разбудија носталгија кај сите генерации, ултра-модерната VR зона, секогаш атрактивниот The Cube, креативните Гандам работилници, како и пребогатите штандови на Гоблин, Фанкограм и прекрасните 3Д изработки на 3D Forge.
Имаше толку многу содржини, што посетителите буквално не знаеја каде попрво да застанат.
За целата организација да биде на навистина европско ниво, Анхоч го активираше своето богато портфолио од светски познати брендови. Освен вредните награди наменети за новите е-спорт шампиони, тие се погрижија и самата публика да добие сериозно внимание. Посетителите уживаа во огромен награден фонд составен од вредносни ваучери и навистиа вредни гејминг и технолошки подароци.
Како официјални партнери кои дадоа максимална поддршка во реализацијата на овој спектакл се потпишаа гигантите BenQ, HyperX, Genesis, Gigabyte и DeepCool, додека како поддржувачи (supporting partners) кои дополнително го збогатија искуството и наградите за посетителите се приклучија и JBL, White Shark, MSI, Keychron и Samsung.
Впечатоците се навистина силни и тешко е да се опише сето тоа со зборови. Затоа, ве оставаме да ја погледнете галеријата со слики, да ја почувствувате атмосферата и секако, задолжително да бидете присутни на следниот Level UP Experience!























































Текстот (Фотогалерија) Спектаклот наречен Level UP – Season II ги надмина сите очекувања и ја запали македонската гејминг сцена! е превземен од МАКФАКС.























