Ивон Величковски

Штом СДСМ нe ја поддржува иницијативата за уставни амандмани, има уште опции: Едната е да ги поднесе Силјановска-Давкова. Ако и таа не смее да му се спротивстави на Мицкоски како и Филипче, да ги предложиме 150.000 граѓани со потписи. Обете се на располагање според членот 130 од Уставот.

Претседателката може да ги предложи амандманите за Северна Македонија да се врати на “возот” со Албанија и Црна Гора. Тоа е побрзата и полесна опција.

Така со институционална иницијатива ќе излезе во пресрет на повикот од премиерот за “национално единство” за европската агенда (повторен од министерот Муцунски).

Како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ гласана и од ВЛЕН, ЗНАМ, Левица и дел од СДСМ во 2024, таа може да биде “олицетворение” на националното единство на Мицкоски. На гласови на ДУИ за таква иницијатива во Собранието очигледно може да смета.

Впрочем, таа направи вовед неделава – со бранењето на Преспанскиот договор (иако го одбиваше и како пратеник, претседателски кандидат и претседателка се до неделава).

По првичниот шок, со изјавата означи дека и ВМРО-ДПМНЕ го знае она што го тврдиме од 2022:

– македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија немаат проблем со договорите,

– проблематизирањето на договорите доаѓа(ше) само од центрите и “липицанерите” на југо-македонистичката интелектуала во и околу (политиката на) СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

За да биде појасно колку работата е “догорена”, да поврземе како пар министри веќе се дистанцираат Мицкоски објаснувајќи по медиуми дека ВМРО-ДПМНЕ “никогаш не било против Преспа”.

А за да биде “печатирано” – пораката дека треба да бидеме дел од Европа на Мицкоски му е пратена и од Бранко. Азески тоа го стори “спонтано” и по медиуми.

Останува уште да му соопштат на Мицкоски дека:

– нацијата на Северна Македонија не е ниту моноетничка ниту монојазична и дека

– не смее да ги ескалира меѓуетничките тензии што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги градат со:

А) административни бариери кон албанскиот јазик,

Б) рушење на правичната застапеност и

В) ништење на претставништвото на Албанците за натамошна непретставеност и на Македонците, како до и по 1991.

Соочувањето со реалноста оди потешко бидејќи уште од “Францускиот предлог” кроеја план како низ “моноетнички” модел на владеење во политиката, економијата и финансиите да ги исклучат сите Македонци и Албанци вон нивниот круг на “Десетина семејства”.

И, секако, знаејќи дека Силјановска-Давкова не смее да “мрдне” вон југомакедонистичкиот квадрат Комора/МАНУ/СДСМ/ВМРО-ДПМНЕ – да се подготвиме за вистинско национално единство.

Да се подготвиме за 150.000 потписи. Па да ги видиме да се спротивстават на половина од нивниот вкупен електорат.

*Насловот е на редакцијата