Џорџина Родригез, свршеницата на Кристијано Роналдо, се појави на доделувањето на наградите Kering Women in Motion како дел од Канскиот филмски фестивал и веднаш привлече внимание со голема промена на изгледот.

Нејзината нова руса коса, со која ги изненади публиката и следбениците на социјалните мрежи, предизвика најмногу коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELLE (@ellefr)

За оваа пригода, Џорџина избра елегантни црни панталони и тиркизна кошула со длабоко деколте. Под кошулата се гледаше градник од чипка, а целиот аутфит го надополни со луксузен накит и скапа чанта.

Нејзиниот нов изглед брзо стана тема на социјалните мрежи, каде што беа објавени бројни коментари.

Додека некои ја пофалија нејзината храброст и подготвеност за промени, други не беа воодушевени од нејзиниот нов изглед.

Некои се прашуваа дали Џорџина носи перика или дали навистина ја променила бојата на косата. „Не ми се допаѓа оваа нејзина перика“, напиша еден корисник, додека друг коментираше: „Може да го покаже целото злато на светот што ѝ го купи Роналдо, никогаш нема да биде елегантна“.

Од друга страна, многумина застанаа во нејзина одбрана. „Ми се допаѓа што не се плаши да експериментира со својот изглед“, гласеше еден коментар, додека друг кратко рече: „Добро ѝ стои“.

За потсетување, Џорџина Родригез неодамна стана заштитно лице на италијанскиот бренд „Калцедонија“. Нејзините фотографии од бикини привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, а со соработката им се придружи на познатите имиња кои претходно беа амбасадори на брендот, вклучувајќи ги Хајди Клум и Кендал Џенер.

фото/Depositphotos

Текстот Свршеницата на Кристијано Роналдо изненади со промена на имиџот е превземен од МАКФАКС.