Рамадан Рамадани, политички коментатор и долгогодишен дипломат го прашува директно МНР зошто не беше повикан на изјаснување и Албанскиот амбасадор во земјата по примерот на Бугарскиот амбасадор кој денеска беше повикан да се изјасни околу изјавите на министерката за Надворешни Работи на Република Бугарија, која при кратка средба во Брисел го користела терминот „северномакедонски“.
Индикативно е што пред десетина дена Албанскиот министер за надворешни работи користеше еден погрден назив, според известување на пратениците во албанското собрание и тоа конкретно за Албанците од Македонија. Притоа нарекувајќи ги „идиоти“. Зошто сѐ уште нема мерка да се повика амбасадорот на Албанија во МНР да се изјасни околу ова колективна навреда кон Албанците од Македонија, кои се исто така носители на суверенитетот на државата, и на тоа МНР кое вака селективно постапува.
„Па да прашаме чија е ова држава, чие е ова министерство? Дали е тоа некоја бавча на татко им, или пак е на сите граѓани како што и прилега на една државна институција?!“, заклучува Рамадан Рамадани.























