Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес најави понатамошна работа за воведување санкции против Русија и рече дека се надева дека исплатата на првата рата од договорениот заем од 90 милијарди евра за Украина ќе започне наскоро.

„Видовме дека примирјето што го сакаше Владимир Путин беше многу цинично за да ја заштити својата парада, додека во исто време цивилите во Украина беа нападнати, Украина се придржуваше до примирјето, како и до претходните предлози за безусловни примирја, додека Русија не го почитуваше. Денес очекуваме и напредок во врска со санкциите насочени кон оние кои помагаат во депортацијата на украинските деца“, рече Калас.

Според неа, Европската Унија наскоро би можела да почне да ја исплатува првата рата од договорениот заем од 90 милијарди евра за Украина, пренесува Танјуг.

„Се надевам дека следната недела ќе можеме да ги исплатиме првите рати“, рече Калас.

Текстот Калас: Се очекува усвојување на нови санкции против Русија, првата рата од заемот за Киев ќе биде исплатена наскоро е превземен од МАКФАКС.