Иран погуби човек кого го обвини за шпионажа за САД и Израел, објави новинската служба Мизан на иранското судство.

Ерфан Шакурзаде, 29, беше уапсен во 2025 година. Дипломираниот инженер по авијација беше принуден да признае вина, тврдат од Iran Human Rights Society.

Техеран го осуди за шпионажа врз основа на тоа што работел за научна организација вклучена во сателитски програми и дека доставувал класифицирани научни податоци до странски разузнавачки служби.

Текстот Иран погуби човек обвинет за шпионажа за САД и Израел е превземен од МАКФАКС.