Актерот Орландо Блум наводно е среќно заљубен, но сè уште се обидува да го скрие тоа. Тој се обидел незабележано да се протне на ексклузивна забава по Мет Гала во Њујорк, а веднаш по него следела манекенката и инфлуенсерка Мередит Даксбери, која е 22 години помлада од него.

Орландо пристигнал во прилично лежерно издание, целосно во црна и широка облека, и со капа на главата, додека Мередит имала сосема поинаква облека – тесен фустан од чипка на кој се гледала долната облека, што ја нагласувало нејзината заводлива фигура.

Бидејќи има црна коса, многумина коментираат дека неодоливо личи на поранешната девојка на Орландо, пејачката Кејти Пери, со која тој раскина минатата година по деветгодишна врска и со која има ќерка, Дејзи Дав Блум, родена во август 2020 година.

Иако фотографиите изгледаат како Орландо и Мередит да се појавиле заедно, извор за TMZ тврди дека тие всушност воопшто не се познаваат и дека Блум бил на забавата по забавата со 21 година помладата швајцарска манекенка Луиза Лемел, со која неодамна помина одмор во Швајцарија и оттогаш е во врска.

Текстот (Фото) Орландо Блум фатен со 22 години помлада манекенка: „Иста како неговата поранешна!“ е превземен од МАКФАКС.