Подуеноста, бавното варење и непријатноста во желудникот можат да ви го уништат целиот ден, но нутриционистите истакнуваат дека одредени намирници можат да помогнат во здравјето на цревата и да ги намалат дигестивните тегоби. Ферментираната храна, антиинфламаторните пијалоци и храната богата со растителни влакна можат да ја поддржат рамнотежата на цревните бактерии и да го подобрат варењето. Ова се намирниците што ги препорачуваат за подобро здравје на цревата и варење.

Чај од ѓумбир
Чајот од ѓумбир често се препорачува за надуеност и дигестивни проблеми. „Гингерол, биоактивно соединение во ѓумбирот, има антиинфламаторни својства и делува против гадење. Чајот од ѓумбир може да го смири дигестивниот систем, да ги ублажи гасовите и надуеноста и да го поттикне празнењето на цревата“, вели нутриционистката и диететичарка Крутика Нанавати за „SheFinds“.

Кимчи
Кимчи, традиционално корејско јадење од ферментирана зелка и зеленчук, е богато со пробиотици кои го поддржуваат здравјето на цревата. Нутриционистката Лиза Ричардс истакнува дека е сè попопуларно токму поради неговите дигестивни придобивки, додека диететичарката Шери Каспер советува да се изберат сурови и непастеризирани верзии.

Кисела зелка
Киселата зелка е богата со пробиотици и лесно може да се додаде во различни јадења. Медицинската сестра Сара Андерсон наведува дека ферментираната зелка може да помогне во здравјето на крвните садови и дигестивниот систем, а нутриционистите често ја препорачуваат за подобро варење.

Артичоки
Диететичарите исто така препорачуваат артичоки бидејќи содржат многу влакна, кои ги хранат добрите бактерии во цревата. „Артичоките се уште еден одличен борец против надуеност, а една артичока со средна големина обезбедува околу десет грама влакна“, истакнува тренерката и консултант за исхрана Алана Кејт Дерик. Нутриционистите додаваат дека влакната во артичоките можат да помогнат и во одржувањето на редовното варење и да ве натераат да се чувствувате сити подолго време.

Текстот Четири намирници кои ja намалуваат надуеноста и го подобруваат варењето, според нутриционистите е превземен од МАКФАКС.